Познавачите на состојбите велат дека ова е голем исчекор од страна на Вселенската Патријаршија и го трасира патот по кој треба да се очекува решавање на македонското црковно прашање

Извор: religija.mk
Епископот г. Антаниски, игумен на Бигорската Обител и целокупното монашко братство и сестринство, од четирите манастири – Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино, вчера биле на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската Патријаршија.
Фотографиите, што од средбата, ги објави Бигорски покажуваат величествен прием во Патријаршискиот храм, на кој присуствувал и Митрополитот Халкидонски, г. Еманиул.
Ова е прв пат волкава делегација на МПЦ-ОА, со толку многу монаси, да биде примена од Вселенскиот патријарх и да и биде укажана толку голема почит како на рамноправни Христови браќа. Монасите и епископот г. Партениј на патувањето биле со благослов на надлежниот Митрополит г. Тимотеј.

Извор: religija.mk
Познавачите на состојбите велат дека ова е голем исчекор од страна на Вселенската Патријаршија и го трасира патот по кој треба да се очекува решавање на македонското црковно прашање.
Интересо е што оваа посета на Вселенската патријаршија доаѓа само една недела по учеството на монашкиот хор на Бигорски на меѓународниот фестивал на византиско пеење во Атина и по посетите на Грчката православна црква.
– Вселенскиот Патријарх уште еднаш ја покажа својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој изрази голема почит кон нашиот духовен татко и Старец, кој имаше посебно обраќање кон Неговата Сесветост. Пред Патријархот, исто така, беше прочитано и монашко послание од името на сите наши браќа и сестри. Потем, свое пригодно обраќање имаше и Сесветиот Патријарх, во кое ја искажа својата татковска грижа за сите нас и за Црквата наша. Накрај сите си зедовме благослов од него, целивајќи му ја светата десница, велат од Бигорски за посетата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, потенцирајќи дека средбата во Фанар била вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението.
Алексеј Топоров: Да ли ће Цариградска патријаршија искористити македонски раскол као кец у рукаву?
– Посетата на Вселенската Патријаршија ја исползувавме и за поклонение на големите светињи во Цариград, на чесните мошти на Светите отци наши Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, како и на Светите маченички Ефимија и Соломонија и на Светата царица Теофана. Си заминавме од Царицата на градовите исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Константинопол, Царицата на градовите. Фанар, Вселенската Патријаршија. Духовното достојание на Светиот Апостол Андреј Првоповиканиот, на Светите Патријарси Јован Златоуст, Григориј Богослов, Фотиј Велики и на многу други светила на Црвата; Првопрестолната Мајка Црква на целото Православие, незаодниот светилник на апостолската вера, неугасливиот факел на Божјата благодат кој со евангелскиот оган просветил многу народи, вклучувајќи го и нашиот – вчера заблеска за нас со уште зрак на Божјата благодат, велат од Бигорски по средбата.
Опрема: Стање ствари
Прочитајте још
- Синод Васељенске патријаршије преузео одговорност за канонско решавање црквеног питања у БЈР Македонији
- Црква у Скопљу неће имати придев „македонска”?
- Наташа Јовановић: Цариградска патријаршија и Македонска Црква
- Патријарх Иринеј упозорио Вартоломеја да не могу свака нова држава и нација добити своју цркву
- Нова Македонија: Васељенска патријаршија о статусу тзв. Македонске цркве
- Зоран Заев: Северна Македонија заслужује независну цркву
- Зоран Чворовић: Наставак дијалога с тзв. Македонском православном црквом – по чијој памети
- Православна охридска архиепископија: Епископот бачки г. Иринеј за обновувањето на дијалогот со расколничката МПЦ
- Владимир Легојда: Нож у леђа СПЦ – Цариградска патријаршија спремна да легализује још један раскол
- Делегација Северне Македоније у Васељенској патријаршији тражила решење статуса тзв. МПЦ
- Председник Северне Македоније тражи од васељенског патријарха признање МПЦ
Categories: Стање@Македонски
Оставите коментар