Православна охридска архиепископија: Епископот бачки г. Иринеј за обновувањето на дијалогот со расколничката МПЦ

Епископот бачки г. Иринеј истакнува дека СПЦ е секогаш отворена за дијалог, но го предочува и државниот прогон

 Епископот бачки г. Иринеј (Фото: Н. Неговановић)

Во интервјуто дадено за белградски „Новости“, Епископот бачки г. Иринеј се осврнува на повеќе прашања, од кои еден дел се однесуваат на отпочнувањето на дијалогот со расколничката МПЦ, како и на државниот прогон врз верска основа, кој сѐ уште се спроведува врз Архиепископот охридски Јован и Православната Охридска Архиепископија.

Епископот бачки г. Иринеј истакнува дека СПЦ е секогаш отворена за дијалог, но го предочува и државниот прогон, кој власта на Северна Македонија продолжува да го спроведува врз верска основа против Православната Охридска Архиепископија, следствено упатувајќи на фактот дека не зависи само од СПЦ, дали и кога ќе продолжи дијалогот со расколничката МПЦ.

Во продолжение ги пренесуваме одговорите, кои се однесуваат на посочената тема, а на крајот е поставен линк кон интегралното интервју:

Српската Православна Црква донесе принципиелна одлука да отпочне дијалог со неканонската Македонска православна црква. Дали тој дијалог ќе биде воспоставен во блиска иднина?

Нашата Црква не почнува сега дијалог со своите деца, кои заведувани и заведени, влегле во раскол со неа. Таа го води тој дијалог веќе со децении, од самото настанување на расколот пред 52 години, трпеливо и со љубов повикувајќи ги да се вратат во единство со Црквата, без што тешко дека има спасение, да го прифатат вековниот канонски поредок на Православната Црква и, исклучиво на таа основа, без вонцрковни мотиви и противцрковни влијанија, да вложат напор да дојдат до целосна црковна самостојност, ако таа им е цел.

Каде води самоволното отцепување и самопрогласување, можат, покрај од сопственото искуство, да се уверат и од примерот на сегашната трагична црковна состојба во Украина и големиот раскол во вселенското православие.

Дијалогот, пред неколку години, беше прекинат заради прогонот и страдањата на Архиепископот охридски Јован и Охридската Архиепископија. Кој носи одговорност за тоа?

Одговорност за тоа носи, се разбира, првенствено државниот врв во Скопје, без чија политичка одлука, судско-полициското шиканирање не ќе беше ниту можно. Но, голем дел од одговорноста носи и јерархијата во раскол, која не само што не го осуди кршењето на основните човекови права и граѓански слободи на вероисповед и совест, туку мирно ги набљудуваше маките на своите браќа и сестри по вера и крв.

За жал, некои од нејзините членови беа и поттикнувачи на прогонот или соучесници во неговото извршување.

Архиепископот Јован денес е на слобода, но тој сѐ уште нема ослободителна пресуда од судот, така што Дамокловиот меч на нова судска фарса и нов затвор, и понатаму му виси над главата.

И покрај тој тажен факт, ние сме отворени и подготвени за дијалог, а дали и кога ќе биде обновен, не зависи само од нас.

Извор: СПЦ

(ПОА, 07. 10. 2019)

Advertisements


Категорије:Стање@Македонски

Ознаке:, ,

Пошаљите коментар

Попуните детаље испод или притисните на иконицу да бисте се пријавили:

WordPress.com лого

Коментаришет користећи свој WordPress.com налог. Одјавите се /  Промени )

Google photo

Коментаришет користећи свој Google налог. Одјавите се /  Промени )

Слика на Твитеру

Коментаришет користећи свој Twitter налог. Одјавите се /  Промени )

Фејсбукова фотографија

Коментаришет користећи свој Facebook налог. Одјавите се /  Промени )

Повезивање са %s