Борис Малагурски: Со промена на името без проблем ќе станете НАТО колонија

Oд промена на името Македонија корист влечат само оние на кои целта им е да го понижат македонскиот народ и така понижениот народ да го стават под контрола на западните економски и воени групации кои имаат интерес

Борис Малагурски (Извор: Фактор.мк)

Борис Малагурски, српски режисер, продуцент, сценарист, и активист инспириран од македонско – грчкиот спор за името неодамна направи една своевидна мала пародија, како дел од случувањата во регионот кои тој будно ги следи. Во интервју за Фактор тој открива како гледа на овој децениски спор како некој кој живее во соседството, и како тој би гласал на референдум за името доколку би бил македонски државјанин.

Фактор: Како некој кој живее во соседна земја на Македонија, како гледате на договорот меѓу Скопје и Атина за промена на името во Република Северна Македонија?

Генерално сметам дека е потполно апсурдно една суверена земја на друга суверена земја да диктира како смеe, а како не смее да се вика. Меѓу другото, Јужна Кореја официјално се вика Република Кореја, а Северна Кореја е официјално Демократска Народна Република Koреја, значи двете држави се викаат Кореја. Имаме и две Конго — Демократска Република Конго и Република Конго.  Постои Република Кина (Tајван) и Народна Република Кина. А Грција блокира некоја друга држава само затоа што има име како и нејзината покраина. Тоа е навистина политичка незрелост на грчката страна на која не треба да се потпаѓа, ниту треба да се провоцираат заради тоа, туку треба да им се помогне да пораснат.

Фактор: Кој губи, а кој добива од овој договор според вас?

Губи здравиот разум, затоа што македонскиот народ се доведува во менталитет на покорност кон неправедните барања. Што ќе правите утре да речеме ако на пример, Романците бараат да го смените името на престолнината затоа што можеби во Романија има некое село по име Скопје? Oд промена на името Македонија корист влечат само оние на кои целта им е да го понижат македонскиот народ и така понижениот народ да го стават под контрола на западните економски и воени групации кои имаат интерес.

Фактор: Очекувате ли дека доколку Македонија го промени името ќе следи влез во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ?

За влез во НАТО, да. Со промена на името без проблем ќе станете НАТО колонија. Нема за ништо да одлучувате, само и понатаму ќе ве искористуваат и понижуваат, како што Трамп го понижи црногорскиот премиер со поттурнување на страна. Вашите деца ќе гинат во воени походи во далечни земји, убивајќи ги сиромашните за да богатите на запад ги контролираат нивните ресурси. A за влез во ЕУ, можеби да, а можеби и не. Знаете, и на Србија и ветуваа отворена врата во ЕУ штом ќе ги испорачаме Милошевиќ. Потоа ветуваа членство во ЕУ штом ќе го испорачаме Караџиќ. Па само уште Младиќ да го испорачаме и нема веќе пречки за ЕУ. Сега нас ни кажуваат „Само уште да го решите проблемот со Косово“. Доста беше. Aко е целта на некоја земја влез во ЕУ, во ЕУ треба да се влезе достоинствено, така што ќе ги прифатат вашите меѓународно признати граници и вашето уставно име, а не да ве условуваат до недоглед, додека ги експлоатираат вашите сиромашни како евтина работна сила, ги тераат квалитетните работници во емиграција, ги извезуваат нивните евтини, субвенционирани и помалку квалитетни производи во вашата земја и на крај ја уништуваат вашата домашна економија.

Фактор: Да сте сега вие на место на некој македонски граѓанин, дали би гласале на референдум или би бојкотирале?

Би ја избрал опцијата која овозможува Македонија да остане Македонија. Значи или против или бојкот, во зависност од тоа што е ефективно. Ако се потклекне околу името, нема да има крај на уцените и парчењето на територијата. Tоа ние во Србија најдобро го знаеме, затоа што ние го сменивме името од СР Југославија во Србија и Црна Гора по наговор на западот. 3години подоцна Црна Гора се одвои, a потоа и Приштина прогласи независност. Западот не сака соработници, сакаат само послушници и колку и да им угодувате, секогаш ќе ги гледаат само своите интереси. Време е Македонија да почне да ги гледа своите интереси и да се сочува од распаѓање.

Фактор: Од аспект на Србија, дали и одговара на вашата земја да има уште една држава сосед членка на НАТО?

Ниту на Србија, ниту на Македонија не им одговара членство на Македонија во НАТО. Ние сме братски земји и нашата сила можеме да ја градиме низ единство, a не низ воени сојузи кои делуваат во интерес на крупниот капитал.

Сања Атанасовска

(Фактор.мк, 15. 6. 2018)

Advertisements


Категорије:Стање@Македонски

Ознаке:, , , ,

1 reply

  1. Иначе, Македонија је држава од респекта и интегритета, која ће променом имена изгубити ова својства.
    То је државни провизоријум који је заснован на љутом антисрпству, али млађани Малагурски то не разуме, и њему је од свега важније да заузме став и, што је пре могуће, обелодани га у јавности.
    “Македонија“ није начинила ни један погрешан корак идући ка сопственој пропасти, и тај пут јој не треба отежавати.
    У овом случају, као и у многим другим, интерес Србије идентичан је интересу Грчке.

    Свиђа ми се

Пошаљите коментар

Попуните детаље испод или притисните на иконицу да бисте се пријавили:

WordPress.com лого

Коментаришет користећи свој WordPress.com налог. Одјавите се /  Промени )

Google+ photo

Коментаришет користећи свој Google+ налог. Одјавите се /  Промени )

Слика на Твитеру

Коментаришет користећи свој Twitter налог. Одјавите се /  Промени )

Фејсбукова фотографија

Коментаришет користећи свој Facebook налог. Одјавите се /  Промени )

Повезивање са %s